Connect with us

Тајмаут

Ова е жената која го купи Њукасл за 300 милиони фунти! Респект!

Основачката на „Пи – Си – Пи Капитал Партнерс”, Аманда Стејвли, ќе биде новата сопственичка на Њукасл откако Мајк Ешли се согласи да го продаде клубот за 300 милиони фунти.

По двомесечните преговори Ешли ја прифати понудата од 300 милиони фунти, првично бараше околу 400 милиони фунти, но си постави услов да го продаде клубот пред католички Божиќ па затоа мораше да ја прифати оваа понуда иако не е по негова мерка.

Ешли официјално го стави Њукасл на продажба на 16. октомври, петнаесет дена подоцна откако Аманда Стејвли го посети „Сент Џејмс парк” за време на натпреварот Њукасл – Ливерпул.

Сумата 300 милиони фунти може да се смени во зависност од начинот на плаќање и клаузули, како и опција да се компензира доколку клубот доживее елиминација од Премиер – лигата.

Англиската фудбалска асоцијација во следните 30 дена ќе врши проверки на сите документи и ќе ги тестира директорите и сопствениците на двете фирми кои се вклучени во зделката.