Connect with us

Фудбал

Ова го прават само врвни професионалци, Меси даваше интервју, но го прекина кога дојде селекторот на Хрватска (ВИДЕО)

Додека Меси разговараше со новинарите во микс зоната по победата против Хрватска во полуфиналето на Мундијалот и рече дека ова му е последно светско првенство, покрај него поминувал Златко Далиќ. Меси не го игнорираше.

Далиќ беше разочаран по поразот во полуфиналето, но и покрај ова им честиташе на Аргентинците за победата и пласманот во финалето. Истото го направи и кога помина покрај Меси, кој беше играч на натпреварот.