Connect with us

Други спортови

Ова може да им се случи само на Египќаните: Уште еден доказ дека не се подготвени да го организираат СП

Организацијата на Светското првенство во ракомет во Египет постојано добива критики, а синоќа беше направен уште еден голем гаф.

На прес-конференцијата по натпреварот помеѓу Полска и Шпанија, модераторот не знаеше кои репрезентации играа.

Го погоди името на Полска, но не знаеше дека играат со Шпанија, па се консултираше со полскиот селектор, прашувајќи го против кого играат. Реакцијата на полскиот ракометар Масиеј Гебале зборува најдобро за гафот што им се случи на Египќаните.

Неодамна, дури и мачка влезе на теренот за време на натпревар, и има уште голем број работи на кои се жалеа многу репрезентации.