Фудбал
Ова се најплатените фудбалери во Европа, Меси далеку пред сите, па и Роналдо
Угледниот француски весник „Л’Екип“ објави листа на најплатени фудбалери во најдобрите лиги во Европа. На листата на петтмина најплатени убедиво прв е Лионел Меси, со нестварна плата од 126 милиони евра годишно. Далеку зад него се сите останати, па и Кристијано Роналдо. Треба секако да се истакне дека сумата е пред да биде оданочена платата, па затоа варира. На пример, Меси по порезот добива 71 милион евра, Роналдо 31, додека Нејмар 28 милиони.
Листа на најплатени фудбалери во Европа
1.Лионел Меси (Барселона) – 126 милиони евра
2.Кристијано Роналдо (Јувентус) – 54, 36 милиони евра
3.Нејмар (ПСЖ) – 36,7 милиони евра
4.Антоан Гризман (Барселона) – 34,8 милиони евра5.Луис Суарез (Атлетико Мадрид) – 34, 8 мииони евра
Интересно е тоа што платата на Луис Суарез е висока бидејќи Барселона се уште му исплаќа одредена сума од платата, додека Атлетико плаќа нето околу 7 милиони евра годишно.