Connect with us

Фудбал

Оваа девојка објасни се за Меси и Барселона, денот на одлука 19-ти мај?!

Вероника Брунати, аргентинска новинарка, дефинитивно најсилниот извор кога се во прашање вестите за аргентинските фудбалери, а воедно и долгогодишна пријателка на Меси, денеска откри дека на 19 мај Ла Лига би можела и официјално да ja одобри регистрацијата и враќањето на Лео Меси!

На својот Твитер таа накратко и најважно истакна како стојат работите во моментов во врска со враќањето на Меси на Камп Ноу.

– Барселона прави се за да го врати и сака да го направи тоа во јуни.

– Меси сака да се врати во Барселона.

– Начелниот договор е постигнат многу одамна. Приходите на Меси ќе бидат значително помали отколку во Париз, но неговото враќање нема финансиски мотиви, само сентиментални – Барса е неговиот дом.

– Лапорта ги измазнуваше односите и повторно воспостави добра комуникација со Лео.

– Ла Лига ќе даде зелено светло и ќе го прифати финансискиот план на Барса за трансферот на 19 мај.

– Барса побара писмен документ кој ќе биде потврда дека договорот на Меси ќе биде регистриран за да му го презентира во преговорите и ситуацијата од пред две години кога Ла Лига ги смени правилата и го расипа договорот со Лео да не да се продолжи.

Накратко – се треба да се знае во петок. Доколку Ла Лига го одобри планот на Барса, а ги има сите шанси, клубот ќе влезе во последната рунда преговори и сака да го реализира враќањето на Меси веќе во јуни.