Фудбал
Озил го продолжи договорот со Арсенал до 2021 година
Германскиот фудбалер Месут Озил го продолжи договорот со Арсенал до 2021 година, објави Би-Би-Си.
Тој пристигна во Арсенал во септември 2013 година од Реал. Според новиот договор, ќе заработува 350.000 фунти неделно и ќе стане најплатениот играч во историјата на лондонскиот клуб.
Озил кој го има освоено Светското првенство со Германија, за четири сезони во Арсенал одигра 182 натпревари и постигна 36 гола.
За германската репрезентација има 88 натпревари и 22 гола.