Фудбал
Па дали е можно, Барселона не упати ниту еден директен удар кон голот на Баерн Минхен
Барселона е елиминирана од ЛШ. Од оваа група во осминафиналето одат Баерн Минхен и Интер. Германскиот тим синоќа со 3:0 славеше на „Камп Ноу“, а колку е поразителна статистиката на Каталонците говори и податокот дека во текот на овој меч не упатија ниту еден директен удар кон голот на гостите.
По мечот Чави со следната изјав:
„Веќе кажав дека мораме да станеме поцврсти, посилни и овој меч беше можност да направиме такво нешто. Не успеавме да го достигнеме нивото на Баерн, тие играа со поголем интензитет. Дали е ова неуспех? Разбирам сè што се зборува, а теренот го напуштаме со горчлив вкус во устата“, изјави Чави.