Connect with us

Фудбал

Па, дали е можно, Мурињо призна: Го заслужив црвениот картон (ВИДЕО)

Рома не успеа да слави на домашен терен против Торино, мечот заврши 1:1. Домашните практично се спасија од пораз откако Матиќ во судиското продолжение погоди за израмнување, а претходно, две минут, Белоти не реализираше пенал.

На овој меч Мурињо доби црвен картон, не е прв пат секако, но прв пат признава дека заслужил да биде исклучен.

– По мечот зборував со него (судијата) и му се извинив, не сакам да зборувам за неговите перформанси, ќе оставам тоа да го кажете вие. Не сакам ниту да откријам што си кажавме, тоа беше приватно. Моите зборови заслужија црвен картон, но нема да зборувам за перформансите на судијата, изјави Мурињо по мечот, кој и за неговиот тим имаше критики, бидејќи како што вели фудбалерите играат на многу ниско ниво.