Фудбал
Па, што прави Наполи сезонава? 10-та победа во низа (ВИДЕО)
Фантастичниот Наполи сезонава продолжува со победите. Овој пат на домашен терен во рамките од 14.коло, кое се игра денеска, во среда и четврток. Вечерва совладан беше и Емполи, впрочем такво нешто се очекуваше, со 2:0. Резултатот го отвори Лозано пенал во 69-тата минута.
Во 88-та Лозано асистираше на Зиелински за конечни 2:0.
Ова е десетта победа во низа во Серија А на Наполи, а по 14 кола се уште е без пораз. Емполи имаше шанса добра за гол, барем почесен, но во 91-та минута домашниот голман Мерети одлично интервенира при ударот на Бајрами.
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас во игра влезе непосредно пред пеналот, поточно во 64-та минута.
На вториот меч кој почна во 18 часот Специја и Удинезе ремизираа 1:1, а во вечерниот термин од 20:45 часот играат Кремонезе-Милан. Утре играат Лече – Аталанта, Сасуоло-Рома, Фиорентина-Салернитана, Интер-Болоња, Торино-Сампдорија, а во чеврток се среќаваат: Верона – Јувентус, Лацио-Монца.