Connect with us

Други спортови

Па, што се случи? Ѓоковиќ непрепознатлив, елиминиран на Австралија опен, пораз на АО по пауза 2195 денови!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Австралија опен во полуфиналето, а 22-годишниот Италијанец Јаник Синер (АТП 4.) беше подобар од него со 3:1 во сетови.

Ѓоковиќ изгледаше непрепознатливо во првите два сета, кои завршија по само 36 и 39 минути игра. Италијанскиот тенисер направи два брејка во првите два сета, а ги реши во своја корист со 6:1, 6:2.

Во третиот сет 36-годишниот српски ас одигра многу подобро, ја спаси единствената брејк-точка што му ја понуди на Синер, а сетот го одведе во тај-брејк. Во тај-брејкот видовме голема борба, а на крајот поуспешен беше Ѓоковиќ, кој спаси меч поен, а потоа освои три бода во низа и официјално се врати во мечот со 7:6(6).

Во четвртиот гем од четвртиот сет Ѓоковиќ водеше со 40:0 на свој сервис, но Синер потоа освои пет поени во низа и направи брејк кој го спаси до самиот крај на сетот и на крајот го оствари најголемиот триумф во кариерата со вкупни 6:1.6:2, 6:7(6), 6:3.

На тој начин Ѓоковиќ остана без можност по 11-ти пат да ја освои титулата на Австралија опен и јубилејниот 25-ти Грен слем во кариерата. Фасцинантно е што популарниот Ноле го загуби првиот меч на Австралија опен по 2.195 дена. Последен пат Ѓоковиќ беше поразен во 2018 година, кога беше исфрлен од Хјеон Чунг во осминафиналето, а потоа славеше во 2019, 2020, 2021 и минатата година. Да потсетиме, тој не настапи во 2022 година бидејќи му беше забранет влез во Австралија како невакцинирана личност против коронавирусот.