Фудбал
Падна договорот помеѓу Реал Мадрид и Арсенал
Иднината на големата надеж на норвешкиот фудбал, Мартин Одегард, е се поизвесна.
Пред неколку години, тој се сметаше за еден од најголемите таленти во европскиот фудбал.
Со тој епитет, Реал Мадрид одлучи да го доведе во своите редови, но тој не играше во првиот тим на Кралскиот клуб.
Тој одигра само 11 официјални натпревари за кралевите, а поголемиот дел од кариерата го помина на позајмица. Како позајмен играч ги бранеше боите на Херенвен, Витесе, Реал Сосиедад, а од оваа зима играше за Топџиите.
Норвежанецот веќе неколку дена преговара со Арсенал, кој сака да го откупи неговиот договор од Реал, а самиот Одегард изрази желба да стане член на Арсенал.
Реал наводно бара 40 милиони евра. Арсенал најверојатно ќе се обиде да ја намали цената, но според некои информации, двата клуба се на чекор до договор.
Шпански „АС“ исто така додава дека Реал би сакал да го продаде и Иско, но дека засега нема конкретни понуди.
Арсенал се надева дека се ќе заврши наскоро и дека Одегард веќе викендов ќе биде регистриран за дербито против Челзи.