Connect with us

Други спортови

Падна првата глава во Ферари, на ред е главата на Фетел

Од екипата на Ферари ја потврдија информацијата дека Маурицио Аривабене ја загубил својата работа како главен човек во Фромула 1 тимот, а негова замена за претстојната сезона ќе биде Матија Биното.

Имено, Ферари не знае за титула уште од 2007 година, а минатата сезона беше посебно фрустрирачка, бидејќи беше креиран одличен болид, но поради возачки и тимски грешки му допуштија на Британецот Луис Хамилтон да ја одбрани титулата. Тој неуспех резултираше со отказ на првиот човек Маурицио Аривабене, кој беше на оваа функција од 2014 година, кога премина во италијанскиот тим од редовите на Филип Морис, каде беше потпретседател на компанијата.

Одлуката за отказ на 61 – годишниот менаџер наводно ја донел новиот претседател на тимот од Маринело, Џон Елкан. На негово место ќе биде поставен Биното, кој до сега беше шеф во техничкиот оддел, а воедно беше и инжинер и работи во екипата од 1995 година.

Судејќи по настаните кои се одвиваат овие недели во тимот, и позицијата на Германецот Себастијан Фетел, како прв возач на тимот, е загрозена. Доколку првата виолина во тимот нареднава сезона не дојде до титулата ќе добие шут – карта.