Connect with us

Други спортови

Пакјао има поголеми шанси да стане таксист отколку да ме победи

Американскиот боксер Адриен Жером Бронер вниманието за борбата со Мани Пакијао се обиде да го сврти на расистичките шеги и тоа на сметка на својата расна група.

За време на прес-конференцијата за борбата која е закажана за 19 јануари во Лас Вегас, популарниот „Проблем“ изјави: „Поголеми му се шансите да стане инструктор по возење отколку да ме победи“, користејќи го стереотипот дека Азијците се лоши возачи.

  • Мани Пакијао е Азиец, но ако го погледнете неговиот живот, тој ги потроши сите пари, а направи и малверзација со даночните долгови. Ако ме прашате мене тој е црн боксер, бидејќи тоа е типично за таа боја на кожа. Англискиот јазик на Пакијао не е баш добар. Тој само се смее и изговара збор по збор, па затоа јас морам да ја продадам оваа борба, изјави Бронер.

Пакијао продолжи да се смее и изгледаше како да го забавува она што го зборуваше 29-годишниот Американец.

  • Тој е добар боксер, шампион, млад и брз… мислам брз на јазикот, додаде 10 години постариот Филипинец.

Пакјао против Бронер за прв пат ќе ја брани ВБА титулата во велтер категорија која во јули ја освои со нокаут против Лукас Матис. Инаку, во својата кариера Филипинецот има 60 победи, од кои 39 со нокаут и два пораза. На спротивната страна Бронер има 33 победи и еден пораз.