Connect with us

Фудбал

Панчев до Пикси: Знам како Србија да го победи Бразил

Македонската фудбалска легенда и златна копачка на Европа, Дарко Панчев ќе навива за Србија и Хрватска на ова Светско првенство. Неговиот некогашен соиграч од златната генерација на Црвена Звезда со која се искачија на врвот на Европа и Светот на клупско ниво, Драган Стојковиќ Пикси е селектор на Србија. Во интервју за Спортклуб Панчев го кажа „рецептот“ за победа на Србија против Бразил.

-Против Бразил знам што е потребно. Еден од чекорите е задолжително гледање на филмот „Монтевидео, Бог те видео“. Не мора да го потсетувам Пикси, го знае тоа. Нека го гледаат мечот и нека дознаат како се победува Бразил“, кажа Панчев.

Србија е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија.