Фудбал
Панчев: Два пати со авион од Реал Мадрид доаѓаа по мене, ме бараше и Барса, згрешив со Интер
Легендарниот фудбалер Дарко Панчев во интервју зборуваше за неговото време поминато во италијанскиот фудбал поточно во Интер. Како што е познато во овој италијански тим не се изнаигра многу, а признава дека погрешил со Интер.
-Во тоа време имав шанса да бирам три добри девојки, а јас ја избрав најлошата, вели Панчев.
Тој додава дека во тоа време и Милан го сакал, но имало многу странци, па поради тоа се одлучил за Интер. Воедно открива дека два пати со приватен авион од Реал Мадрид доаѓале по него во Белград, а го барала и Барселона.