Connect with us

Фудбал

Панчев: Сакам Црвена Звезда да го победи Милан, па нека се тресе малку и Милан на реваншот!

Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев во интервју за Спорт клуб зборуваше за претстојнит дуел на Црвена Звезда против Милан во Лига Европа кој ќе се одигра на –ти февруари.

-Се согласувам дека во последните 20 години Милан на некој начин најмногу падна, фудбалски секако. И тука гледам некаква шанса за Црвена Звезда. Сметам дека Станковиќ добро работи, има добра атмосфера и добро играат. Би бил среќен кога би победиле. Не само затоа што би победила Црвена Звезда, туку што реваншот би бил интересен, нека се тресе и Милан малку, вели Панчев.