Фудбал
Пандемија и фудбал, Тебас: Тоа би било неодговорен потег
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас уште еднаш призна дека сега не е време да се бара враќање на навивачите на стадионот.
„Би било неодговорен потег доколку сега бараме враќање на навивачите на стадионот. Не е вистинската работа да се прави со настаните што се случуваат во земјата.
Свесни сме дека се соочуваме со феномен, со кој не знаеме што ќе се случи дури и во следните 10 дена.
Она што можеме да го направиме е да почекаме да помине Божиќ, бидејќи преземањето каква било друга акција би било неразумно. Ќе почекаме до 15 јануари и потоа ќе анализираме што ќе се случи. Ова е најдоброто нешто што можеме да го направиме во ситуацијата во која се наоѓаме“, рече Тебас.