Фудбал
Пандев: Денес е специјален ден за мене, две децении како го носам овој свет дрес (ВИДЕО)
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев, токму на денот кога одбележува 20 години од дебитанскиот настап во националниот дрес, одговараше на прашања од фановите преку платформата „2win“.
Разговорот со фановите го започна со зборовите дека денеска е специјален ден за него, бидејќи две децении откако го носи светиот дрес.
За групата на ЕП, вели дека е тешка, но се надева на успех. Франција е селекцијата против која сака да игра со Македонија, бидејќи никогаш не играл против „тиколорите“.
Целото видео од разговорот на Пандев со фановите и одговорите на неговите прашња на следниот ЛИНК.