Connect with us

Фудбал

Пандев исполни една желба, втората е ЕП со Македонија

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев најави пензионирање, но поради пандемијата и прекинот на сезоната, одлучи да го одложи целосното повлекување од фудбалот. И, не погреши. Сезонава со 9 погодоци е најдобриот стрелец на Џенова, која синоќа со победата од 3:0 против Верона обезбеди опстанок во лигата. На овој меч Пандев беше асистент при вториот гол.

Сега, му останува да ја исполни втората желба, а тоа е пласман на ЕП со Македонија. Првата пречка која треба да се мине е Косово, во рамките од плеј-офот од Лигата на нации, а мечот ќе се одигра на 8-ми октомври во Скопје. Доколку победи на овој меч, тогаш Македонија ќе игра финале со победникот од мечот Грузија-Белорусија. Доколку и на тој меч победи, тогаш ќе обезбеди пласман на ЕП. Шансата да се игра на завршница на континентален собир никогаш не била поголема.