Connect with us

Фудбал

Пандев: Мислев дека можеме да освоиме барем бод

Капитенот на Македонската репрезентација, Горан Пандев по натпреварот истакна дека 45 минути не се доволни за позитивен резултат на едно вакво натпреварување и дека е потребен континуитет во текот на целиот натпревар

„Не се доволни 45 минути за да одигрш на вакви натпреварувања. Знаеме дека треба да играме во континуитет 90 минути и како што игравме во второто полувреме. Но, почнавме претпазливо, имавме некоја полуконтра и контра. Кога ќе примиш гол од прекин мислам дека на вакви натпреварувања не е дозволиво, натпреварот станува уште потежок. Ние за жал примивме гол од корнери после натпреварот стана потежок. Имавме во второто полуврме шанси да го изедначиме резултатот пред пеналот, но таков е фудбалот. Навистина ми е жал што го загубивме натпреварот. Мислев дека можеме да освоиме барем бод“, истакна Пандев.

„Кога примивме гол се опуштивме и почнавме да играме. Како да чекаме да примиме гол. Вакви натпревари не трпат импровизации и затоа мисла дека треба да одиграме мирно, нема што да изгубиме. Знаеме дека ние направивме нешто големо и сега треба само да излеземе на терен, да го дадеме максимумот и да се забавуваме бидејќи луѓето и денес покажаа дека се со нас и  не испратија со аплауз што за нас е многу важно“, дададе Пандев.