Фудбал
Пандев не е повеќе претседател на ФК Брера Струмица
Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. По именувањето на оваа функција од страна на новиот претседател на ФФМ Масар Омерагиќ, Пандев даде оставка од функцијата претседател на ФК „АП Брера Струмица“. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.
Горан Пандев е основач на овој клуб, а со превземањето од Брера Холдинг тој беше поставен на функцијата претседател со цел да се даде нова димензија на функционирање и градење на еден професионален клуб.