Connect with us

Фудбал

Пандев: Ние вложивме 600.000 евра, сега сите молчат, во Македонија се е наместено, кој ќе игра ЛШ, а кој ЛЕ

Македонскиот најдобар фудбалер во интерју за Телевизија 24 си ја отвори душата. Отворени зборуваше за сите проблеми во репрезентацијата и Федерацијата, но отворено зборуваше и за проблемите во македонското првенство.

-Немам амбиции да бидам претседател на ФФМ, но спремен сум да помогнам македонскиот фудбал да го подигнеме на едно повисоко ниво. Според мене, моментално македонската лига е најаматерската и најнаместена, најнекоректна лига во цел свет. Нашата Федерација не прифаќа никакви закони, еве кажете, да претпоставиме и да сакам јас или било кој друг, како да се кандидираме за претседател на ФФМ. Јас не знам како државата дозволува да се одржуваат вакви собранија. Лани, раководството го прекина првенствово. Ние вложивме 600.000 евра и денес сите ќутат, како е тоа можно“, изјави Пандев во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 и додава:

-Има неколку луѓе кои командуваат во нашата лига. Да не навлегуваме многу со имиња, но кај нас се се знае однапред, кој ќе игра Лига шампиони, кој Лига Европа. Рака на срце, Шкендија да, сопственикот инвестира, има услови, но видете го Вардар во каква состојба е. Јас лично, сакам да видам проект, да знаеме зошто вложуваме. Не може 10 дена пред натпревар да се знае кој ќе и суди на Академија Пандев сите си ќутат и никој ништо не збори. Зошто е тоа така, треба да го прашаме претседателот. Видете кои луѓе одлучуваат за мак фудбалот и се ќе ви стане јасно. Не е нормално од прволигашите да нема делегати на Изборно собрание, да нема делегати од Шкендија, од Македонија ЃП, од Работнички, од други прволигаши, тоа е невозможно. Мислам дека ФФМ не почитува никаков закон, ако воопшто постои закон. Во Италија, претседател избираат клубовите од прва, втора и трета лига“, потенцира Пандев во Студио 10 на ТВ 24.