Connect with us

Фудбал

Пандев повикуваше да заминат, но Мухамед Сејдини реизбран за претседател на ФФМ

Мухамед Сејдини е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на редоводното собрание кое беше организирано претпладнево.

-На Редовното Генерално Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија присуствуваа 52 од вкупно 53 делегати и сите му дадоа поддршка на актуелниот прв човек на македонскиот фудбал.

Свое обраќање до присутните на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија имаа високите гости од УЕФА, Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации, а во видео изјава изборот на Муамед Сејдини му го честиташе и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

-Денеска е големиот христијански празник – Прочка. Јас сум муслиман, но и во нашата вера, откако ќе прости, човекот ќе има кроткост, трпение, смирение и човекољубие. Простете ако грешев, изјави Сејдини.

Агенцијата за млади и спорт најави дека нема да ги признае резултатите од денешното Собрание на ФФМ. Воедно пред само неколку дена нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев повикуваше Мухамед Сејдини и луѓето околу него да заминат од функцијата. Како што изјави тогаш тој овие луѓе не се грижат за доброто на македонскиот фудбал, а воедно сакал пред мечевите со Грузија и Косово да го смени селекторот Игор Ангеловски. Сепак, наместо тоа делегатите му дадоа нов мандат на Сејдини.