Connect with us

Фудбал

Пандев: Секако дека сум емотивен

Капитенот Горан Пандев вели дека мечот со Косово е еден од најголемите во неговата кариера, не поради противникот, туку поради важноста и патот кој е изоден. Пред се поради предизвикот од она што не очекува доколку утре вечер Македонија слави. Потоа преостанува само уште еден меч против Грузија или Белорусија за пласман на ЕП.

Меѓудургото Пандев изјави:

“Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм овој натпревар. Значи од ФФМ па преку македонската амбасада во Италија голема благодарност до сите. Секако дека сум емотивен за овој момент, за овој меч. На овој народ му требааат вакви моменти и едно можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Нијанси ќе го одлучат мечот, но ние се подготвуваме како и за сите мечеви”, изјави Пандев.