Фудбал
Папу Гомез ќе игра во Лигата на шампионите
Деновите за Папуа Гомез во Аталанта се избројани. Неговиот трансфер е завршен, а се чека само официјална потврда.
Гомез се судри со Џанпјеро Гасперни кон крајот на минатата година, за кратко потоа да биде отпишан целосно.
Искусниот Аргентинец имаше неколку опции за да ја продолжи кариерата, а на крајот ја избра Севиља со која на пролет ќе игра во Лигата на шампионите.
Аталанта ќе добие минимум шест милиони евра за Гомез, што е износот на задолжителното купување и можни два милиони во бонуси.
Папуа исто така го сакаше Ал Хилал во своите редови, Арапите му понудија тригодишен договор вреден пет милиони по сезона, но тој одби.