Connect with us

Фудбал

Паредес наследник на Фабрегас

Аргентинскиот интернационалец од редовите на рускиот гигант Зенит, Леандро Паредес, најверојатно ќе биде најновата зимска аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Англискиот клуб ја започна потрагата по играч кој треба да биде замена за шпанскиот интернационалец Сеск Фабрегас, кој веќе дебитираше во дресот на францускиот гигант Монако.

Деталната анализа покажа дека Паредес треба да биде идеална опција во средниот ред, а од продажбата на поранешниот фудбалер на Бока Јуниорс и Рома, челниците на Зенит очекуваат заработувачка не помала од 30 мил. евра.