Connect with us

Фудбал

Парите од продажбата на Челзи се уште се на сметката на Абрамович

И покрај ветувањето на Роман Абрамович дека парите од продажбата на Челзи ќе одат за жртвите од војната во Украина, според британскиот пратеник Крис Брајант, средствата се уште се на сметката на рускиот милијардер.

„Еден од луѓето кои се санкционирани во ОК е Роман Абрамович. Неговиот Челзи беше продаден на 30 мај, но милијардите остануваат на неговата банкарска сметка бидејќи се уште не е формирана фондацијата која ќе ги даде на народот на Украина. Кога ова ќе се поправи“, праша Брајант на седница на британскиот парламент.

Абрамович мораше да го продаде Челзи поради санкциите што му беа воведени во Британија поради неговата наводна блискост со рускиот претседател Владимир Путин.

Клубот сега е во рацете на американска компанија предводена од Тод Боели, кој го продолжи фантастичното трошење на лондонскиот клуб со преку 250 милиони фунти за нови играчи во летниот преоден рок.