Connect with us

Фудбал

Парма го враќа Жервињо во Серија „А“

Италијанскиот тим Парма го договори трансферот на 31-годишниот Жервињо. Договорот на играчот е за 3 години. Тој ќе се врати од Кина, каде што настапуваше во последниве години.

Според „Газета Дело Спорт“, Жервињо ќе зема еден милион евра за сезона со Парма, а во неговиот договор има можност тој да си замине ако тимот испадне во Серија „Б“.

Жервињо има искуство во Серија А, бидејќи го носеше дресот на Рома во периодот меѓу 2013 и 2016 година.