Connect with us

Фудбал

Парма со огромни 1:4 ја совлада Џенова

Во натпреварот од 27. коло од Серија А, Парма со огромниа 1:4 го совлада домаќинот на натпреварот Џенова.

Фудбалерите на Парма повеќе од заслужено дојдоа до оваа победа и нови три бода. Корнелиус денеска беше одлично расположен во редовите на Парма и постигна хет-трик.

Прво во 18. минута од натпреварот го отвори резултатот и стрелаше за 1:0, а потоа во 33. зголеми на 2:0. Со овој резултат се заврши првото полувреме, но можеше да биде поинаку доколку Кришито го искористеше пеналот во 29. минута погодеше за 1:2.

Во второто полувреме Парма продолжи со одличната игра и во 53. минута од натпреварот Корнелиус зголеми на 3:0 за гостите.

Во 59. минута од натпреварот повторно беше досуден пенал за Џенова, но овојпат Фалке беше прецизен и ја намали предноста на гостите на 1:3.

Точка на натпреварот стави Колушевски кој погоди за 1:4 во 87. минута од натпреварот.

Парма со оваа победа се искачи на 7. позиција на табелата и има ист број на бодови со Милан (39), а Џенова се наоѓа пред зоната на испаѓање односно на 17. позиција и има ист број на бодови со Лече (25) која се наоѓа во опасната зона.