Connect with us

Ракомет

Парондо дебитираше со пораз на клупата на Вардар

Екипата на Вардар синоќа загуби од Хамбург со 31:25 на првиот контролен натпревар во новата сезона. Неуспешно деби на тренерската позиција кај „црвено-црните” имаше Гарсија Парондо.

Мораеш Переира со шест и Иван Чупиќ со пет погодоци беа најефикасни во редовите на македонскиот првак.

Вардар на овој меч настапи без средниот бек Игор Карачиќ.

Денес од 14 часот и 45 минути Вардар игра со Берлин.