Connect with us

Фудбал

Патешествието на Серхио Агуеро- „заглавил“ во авион полн со навивачи на Бразил (ВИДЕО)

Сигурно никогаш не помислил дека ќе му се случи такво нешто. Легенрадниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро на социјалните мрежи објави интересен момент. Имено, тој на патот кон Катар за Мундијалот, каде секако ќе биде само гледач, „заглавил“ во авион полн со фанови на Бразил. Бразил и Аргентина секако се големи ривали и два најголеми кандидати за пехарот во Катар. Сигурно на Агуеро не му било воопшто лесно цел лет да слуша навивачки песни на Бразил.