Connect with us

Фудбал

Пато прво како позајмен

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на кинескиот суперлигаш Тијанџин, Александре Пато.

Поранешниот напаѓач на “росонерите” не крие дека сака да се врати на “Сан Сиро”, но неговото обесштетување и неговата плата се сериозен проблем за челниците на Милан. За да се врати во Милано, Пато мора да прифати помала плата и мора да ги убеди челниците на Тијанџин да му дозволат следните шест месеци да ги одработи како позајмен фудбалер.