Фудбал
Патрик Виеира е новиот менаџер на Кристал Палас
Патрик Виеира си најде нов клуб откако ја напушти Ница во Франција.
45-годишниот Французин следната сезона ќе го предводи лондонскиот Кристал Палас, кој игра во Премиер лигата.
Виеира ќе го наследи 73-годишниот Рој Хоџсон, кој мораше да го напушти својот матичен клуб откако летово му истече четиригодишниот договор.
Пред Ница Виеира, тој работеше во Њујорк, а како играч се прослави низ целиот свет, играјќи за Арсенал и француската репрезентација.
“Тоа е проект кој навистина ми се допаѓа откако разговарав многу со претседателот и спортскиот директор за нивните амбиции и планови за целиот клуб, вклучително и за академијата. Се надевам дека ќе го продолжиме тој пат на напредок”, рече Виеира, кој потпиша договор до 2024 година.
Прв кандидат за наследник на Хоџсон беше Лусиен Фавр, но Швајцарецот одби, па така на Виеира му се укажа можност да го предводи Палатата.