Фудбал
Пеев му пресуди на Вардар
Фудбалерите на Работнички ја потврдија лошата форма на Вардар, откако на стадионот „Борис Трајковски“, „романтичарите“ славеа со 1:0. Единствен стрелец на овој дуел беше дефанзивецот Оливер Пеев во 55. минута.
Со оваа победа Работнички се проби до четвртото место на табелата, додека „црвено – црните“ и трет натпревар во низа не дојдоа до триумф, поради што Шкендија ја зголеми предноста на шест бода.
Во преостанатите натпревари, Шкендија абележа убедлива победа од 5:0 против Силекс, Академија Пандев ја совлада Победа (2:1), додека победа запиша и тимот на Беласица над Ренова (3:1). Екипата на Македонија Ѓорче Петров ремизираше пред своите гледачи против Шкупи.
ФОТО: Наке Батев