Фудбал
Пекерман: Не е лесно да играш со 10 фудбалери
Селекторот на колумбиската фудбалска репрезентација, Хозе Пекерман призна дека раниот црвен картон го предодредил исходот на дуелот со Јапонија.
„Самураите“ ја надиграа Колумбија со 2:1 во првата средба од групата „Х“ на Мундијалот во Русија.
– Не е лесно кога ќе изгубиш играч во првите три минути, но успеавме да се справиме со тоа. Дури го израмнивме резултатот со намален состав. Јапонија успеа да се адаптира кон ситуацијата и успеа да даде гол, бидејќи играше подобро. Ние ќе се справиме со овој пораз и ќе покажеме на што сме способни во следните два натпревари. Ние изгубивме поради замор. Јапонците беа посвежи, изјави Хозе Пекерман по мечот.