Connect with us

Кошарка

Пелистер во Делчево подобар од Патриот 2016

Во рамки на 10. коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на Патриот 2016 на домашен терен загуби од екипата на Пелистер. Во Делчево битолчанки славеа со резултат 51:82.

Како што истакна тренерот на Делчевки, Љупчо Петровски, екипата на Пелистер заслужено заминала со двата бода во Битола.

– Ова беше натпревар во кој мораме да му честитаме на подобриот противник кој знаеше што сака и стави нови два бодови на своето конто. Со оглед на тоа што игравме со екипа која е во горниот дел на табелата и се бори за влез во фајнал-фор натпреварите, да се игра со оваа екипа за нас беше предизвик. И покрај поразот нашите млади кошаркарки дадоа се од себе, но желбите се едно, а можностите и возраста покажаа дека како тим имаме уште многу да учиме од подобрите од нас, рече Петровски.

Екипата на Патриот 2016 со овој пораз останува на претпоследната позиција со скор од една победа и осум порази. Победничката екипа на Пелистер со победата ја задржа 5. позиција на табелата, и е со реални можности да биде меѓу најдобрите четири женски кошаркарски екипи во Македонија.

Втората победа екипата на Патриот 2016 ќе ја бара во Гостивар, каде во рамки на 11. коло делчевки и гостуваат на истоимената екипа. Екипата на Пелистер во следното коло на домашен терен го игра дерби натпреварот со второпласираната екипа на Вардар.