Фудбал
Пелистерци на зимски одмор – прволигашки фудбал напролет под знак прашалник
Новите сопственици кои ФК Пелистер ги доби нешто повеќе од една и пол година наместо светлина, донесоа мрак во фудбалскиот клуб. Намсето успех и конечно Пелистер да застане на здрави нозе, се уште Пелистер тоне и стои на стаклени нозе.
Некогашниот расадник и значајно име во фудбалот, денес е никој и ништо, односно Пелистер од ден во ден сè подлабоко тоне.
Изминатиов период Пелистер, во неколку наврати даваше сигнал дека не е сјајна состојбата во фудбалскиот клуб. Па така фудбалерите пред почетокот на натпреварот против Скопје на домашен терен, во знак на протест седнаа на терен, заради неисплатените плати од страна на раководството.
Во месец октомври, Пелистер доби и нов тренер, кој неколку пати претходно ја имаше палката во рака.
Иако многу пробаа, никој не успеа да го извлече Пелистер на вистинскиот пат, тој есенската сезона ја заврши на претпоследната позиција со само 16 освоени бода.
Од денес фудбалерите се веќе пуштени на зимски одмор, а никој не знае кога ќе започнат подготовките за пролетниот дел. Па така прволигашкиот фудбал напролет е под знак прашалник.