Фудбал
Пенал го реши победникот на “Максимир”, два гола во драматична завршница во Лондон
Динамо Загреб немаше позитивен резултат по натпреварот против Виљареал, додека Арсенал не успеа да ја победи Славија Прага.
Динамо го пречекаа Виљареал на Максимир, и на крајот пеналот од финишот на првото полувреме го реши натпреварот, кога Ливаковиќ беше поразен од Морено за конечни 0:1.
Инаку, Ливаковиќ обезбеди уште една добра игра, бидејќи имаше одлични одбрани.
Во Лондон, натпреварот помеѓу Арсенал и Славија забележа прилично драматичен финиш со два гола. Заврши 1:1.
Топџиите пропуштија две чисти шанси преку Лаказет и Аубамејанг, а поведоа преку Пепе во 86-та минута по контрата.
Храбрите гости од Прага не се предадоа, па стигнаа до заслуженото израмнување длабоко во судиското надополнување преку Холс.