Connect with us

Фудбал

Пенал каков што не сте виделе: Ја стави топката на белата точка, а потоа ги шокираше голманот и камерманот (ВИДЕО)

Герет Саутгејт ги изненади сите откако го повика младиот Марк Гуехи во репрезентацијата на Англија.

Гуехи помина низ младинската школа на Челзи, но на Стемфорд Бриџ никогаш не ја доби вистинската можност, па минатото лето одлучи дека е време да промени нешто.

21-годишниот дефанзивец се пресели во Кристал Палас за 24 милиони евра и тоа беше полн погодок. Гуехи игра одлично во дресот на лондонскиот клуб, поради што се најде на списокот на репрезентацијата на Англија.

Гуехи дебитираше за Англија во саботата на пријателскиот натпревар против Швајцарија, а остави одличен впечаток и покажа дека не случајно се најде на списокот на Саутгејт.

Откако се претстави во фудбалскиот свет, многумина почнаа да ја истражуваат досегашната кариера на 21-годишниот фудбалер и да се обидат да откријат како Челзи толку лесно се откажа од него.

Видеото кое воодушеви многумина е фактот дека Гуехи има одлична тактика за изведување пенали што ја покажа кога играше во јуниорите на Чеси.

На еден натпревар од младинската Лига на шампиони, Гуехи постигна гол од пенал, но она што за многумина е неверојатно е што тоа го направи од точка, а пред тоа немаше никаков залет.