Connect with us

Ракомет

Пенисите на исландските ракометари се изложени во музеј

Откако ракометната репрезентација на Исланд го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, ракометарите во Рејкјавик беа пречекани од 60.000 фанови, што е значително голема бројка ако се земе предвид дека оваа држава има само 350.000 жители, а дури 85 проценти од населението го гледале финалето.

Преку ноќ ракометарите станаа национални херои. Се огласи и претседателот на државата Олафур Гримсон, прогласувајќи ги репрезентативците за бесмртни, а еден ден по финалето беше прогласен неработен ден во целата држава. Како благодарност до играчите беа нудени услуги: беспалти поправки на автомобили, попусти за ручеци во рестораните и прегледи во најсовремените докторски ординации, но најкреативна беше уметничката Торгердур Сигурдсондотир, чиј татко е сопственик на Музејот на пенисите на Исланд.

  • Татко ми ме повика и праша како да им се оддолжиме на ракометарите, а јас му одговорив: „Едноставно. Ќе им ги направиме пенисите, нели ова е Музеј на пениси“, раскажа Сугурдсондотир.

Речено – сторено. Во музејот, покрај 283 пениси, изложени се и пенисите на ракометарите, нормално од сребро. За работата да биде уште поинтересна, авторката не ги направи пенисите со иста големина и затоа Исланѓаните и посетителите и денеска се прашуваат кој е сосптвеникот на најголемиот, три сантимети поголем од останатите, а чиј е оној со подвиткана глава. Авторката тврди дека пенисите ги напаравила според сопствена визија и тврди дека не видаела ниеден полов орган на ракометарите.

  • Немавме никаква зедничко фотографирање без гаќи, ниту пак позиравме голи. Ако ме прашувате, мислам дека ова е малку претерано, изјави Леви Гудминсон, кој со Исланд освои бронза на ЕП во Австрија во 2010 година.

Музејот на пенисите е атракција на Исланд и е неизбежно место за туристите.

  • Татко ми одлучи да направи Музеј на пениси, но не беше сфесен дека ќе постигне волку голем успех, вели Сугурдсондотир.

Сребрените пенисе се изложени под фотографијата на ракометната репрезентација на Исланд, односно репрезентацијата која во 2008 година го освои сребрениот медал

Главен виновник за тоа што пенисите не се направени од злато, туку од сребро е репрезентацијата на Франција, која славеше во големото финале над „рибарите“.