Connect with us

Фудбал

Пеп Гвардиола до полноќ добива уште едно засилување

Се приближуваме кон крајот на летниот преоден рок и клубовите се обидуваат да ги направат последните потези.

Манчестер Сити ова лето го купи само Џек Грилиш за 100 милиони од Астон Вила, и иако се споменуваа голем број играчи, на крајот клубот остана само со едно засилување.

Сепак, во последните часови од преодниот рок, Сити работи на доведување на 19-годишниот лев бек Нуне Мендеш од Спортинг.

Сепак, Спортинг бара дури 40 милиони евра и не е подготвен за какви било други договори со Сити, но Граѓаните немаат многу време или избор, ќе мора да посегнат по своите паричници и да го договорат трансферот на Португалецот.

Нивниот лев бек Бенџамин Менди е обвинет за силување и под суспензија, така што на Пеп Гвардиола му треба уште еден играч како лев бек.

И покрај доаѓањето на Грилиш, навивачите на Сити сепак не беа среќни, веруваа дека ќе има повеќе звучни имиња, а Хари Кејн и Кристијано Роналдо беа блиску до „Етихад“. Англичанецот одлучи да остане во Тотенхем, а Роналдо да се врати од Јувентус во својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.