Фудбал
Пеп Гвардиола го доби големото посакувано засилување
Газета дело Спорт пишува дека Манчестер Сити испратил понуда од 70 милиони евра плус дополнителни бонуси за дефанзивецот Кулибали, а Наполи наводно ја прифатил. Со денови се преговара, Наполи бараше 90 милиони, но на крајот договорот е постигнат на нешто повеќе од 75 милиони, ако се сметаат и бонусите.
Уште пред извесно време сенегалскиот интернационалец ги договорил личните услови, па наскоро ќе се пресели во Англија. Негова замена во Наполи би требало да биде грчкиот интернационалец Сократис Папастопулос од Арсенал.