Фудбал
Пеп не сака да го изневери Сити: „Ми дадоа се“
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за иднината на клупата на Граѓаните.
51-годишниот стручњак има договор со Сити до јуни 2023 година, но се уште не размислува што ќе се случи потоа.
Она што е сигурно е дека Граѓаните нема да бидат изневерени.
„Тие ми дадоа се и не можев да ги изневерам ниту да им нанесам никаква штета. Тоа не би било убаво од мене“, изјави Пеп Гвардиола и продолжи:
„Заедно двапати решивме да останеме овде и ќе го направиме истото овојпат. Ќе зависи од чувствата на двете страни.
„Јас не сум човек кој премногу размислува за иднината бидејќи се уште имам договор овде. Не сум добар во ковањето планови бидејќи иднината секогаш зависи од резултатите. Не сум загрижен“.
На прашањето колку долго сака да биде во фудбалот, Пеп рече:
„Не знам. Се чувствувам добро и опуштено. Ќе си заминам кога ќе се чувствувам исцрпен и уморен. Во моментов сум многу добро“, изјави Гвардиола.
Пеп Гвардиола го водеше Сити 326 пати и има учинок од 239 победи, 39 нерешени и 48 порази.
Тој освои 10 трофеи во изминатите нешто повеќе од пет години, но се уште се чека најголемиот – Лигата на шампионите.