Connect with us

Фудбал

Пеп: За доброто на играта, се надевам дека Меси ќе игра

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се надева дека Лионел Меси ќе биде дел од ПСЖ во дуелот помеѓу две екипи во второто коло од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ во вторник ќе гостуваат на „Паркот на принцовите“ во второто коло од групата А. Лионел Меси ги пропушти последните два натпревари на „светците“ поради повреда на коленото, па се уште е неизвесно дали ќе биде подготвен за дуелот со шампионот на Англија.

„Она што Лео го постигна во својата кариера е повеќе од извонредно. Се надевам дека ќе може да игра во вторник, поради благосостојбата на играта“, изјави Пеп.

Минатата сезона двата тима се сретнаа во полуфиналето од елитното натпреварување, а Сити славеше со вкупен резултат 4:1.

„ПСЖ беше фантастичен тим минатата сезона, а сега го има и Меси. Тие се нашите големи ривали. Ова е групна фаза, така што ќе биде поинаку. Ќе видиме”.

Францускиот тим во нападот, покрај Меси, ги има и Нејмар и Килијан Мбапе.

„Тие се толку добри, тие се исклучително талентирани, ќе биде тешко да ги спречиме. Ќе мора добро да се браниме “, истакна Гвардиола.

Натпреварот во Париз ќе започне во 21 часот.