Connect with us

Фудбал

Перез е подготвен да ја зголеми платата на Роналдо, но има услови

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез бил подготвен да ја зголеми платата на големата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо, но имал свои услови, пишува „Диарио Гол“.

Според публикацијата, шефот е подготвен да му понуди на Португалецот што сака уште следната недела, откако „белите“ ќе го елиминираат Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Актуелниот европски шампион во клубот има предност по првиот натпревар во Мадрид од 3:1, а натпреварот во Париз е закажан за 6 март во 20:45 часот. Ако момците на Зинедин Зидан го надминат ривалот, Перез планирал да ги задоволи барањата на петкратниот освојувач на „Златната топка“.

Сепак, условите на шефот не завршуваат тука. Се вели дека шефот е подготвен да го зголеми износот на платата на Роналдо, но во замена за нешто друго. Тој ќе инсистира топ стрелецот на „кралскиот“ клуб да не го комплетира својот договор со тимот и да биде продаден една година пред неговото истекување, односно 2020 година. Така, Перез пресметал дека ќе може да ги надомести парите што ќе ги плати за зголемувањето на платата, тврди „Диарио Гол“.

Претседателот бил свесен дека со оглед возраста на фудбалерот (33), по две години нема да има многу претенденти за неговиот потпис, но исто така бил убеден дека ќе може да договори зделка во Кина, каде што ќе добие добра сума.

Експертите кои ги следат случувањата во Ла Лига велат дека плановите на Роналдо се различни, но сè е во негови раце и тој може да ги смени. Се шпекулира дека Португалецот има намера да го исполни договорот со „белите“ (до 2021 година), а потоа да игра уште некоја година во САД, каде ќе ја прекине кариерата.

Но, понудата на Перез, сепак, може да смени сè.