Connect with us

Фудбал

Перез го пронајде решението за клупата на Реал?

По заминувањето на Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, клупата на Европскиот шампион остана празна.

Иако многу тренери беа поврзани со преземањето на „Кралскиот клуб„, на крајот, како што стојат работите, претседателот Флорентино Перез донесе интересна одлука.

Поранешниот капитен на клубот, Фернандо Хиеро ќе седне на клупата на Рела, а оваа вест е објавена од бројни шпански медиуми.

Хиеро додека играл во Реал, освои пет титули од Шпанското првенство и три трофеи од Лигата на шампионите, но како тренер нема многу искуство.

Работеше како асистент на Карло Анчелоти, додека Италијанецот го предводеше Реал, а како тренер го водеше Реал Овида.

Конечната одлука за новиот тренер ќе биде позната во наредните денови а засега 50-годишниот Хиеро е познат како главен кандидат.