Фудбал
„Перез се жали дека Супер лигата е единствениот спас за Реал, а потоа нуди 180 милиони евра за Мбапе“
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, нема да има ништо против ако Реал, Барселона и Јувентус го напуштат крилото на оваа организација.
Ова трио се залага за формирање Супер лига во која би играле најбогатите тимови во Европа, и тие не се откажуваат од својата цел, иако првиот обид пропадна.
Чеферин тврди дека челниците на овие клубови се неспособни и дека не би имал ништо против да ја напушти УЕФА.
“Не би ми пречело доколку Реал, Барселона и Јувентус ја напуштат УЕФА. Нивните директори се неспособни. Флорентино Перез тврди дека неговиот клуб може да преживее само со создавање на Супер лигата, а потоа се обиде да го ангажира Килијан Мбапе за 180 милиони евра”, изјави Чеферин и додаде:
Uefa-Präsident Čeferin über den moralischen Kompass seiner Eltern, die politische Lage in Belarus und Drohungen von einem #SuperLeague Berater: Mein Interview mit Michael Wulzinger @derspiegel https://t.co/97ojZPSbDx
— Christoph Winterbach (@derWinterbach) September 10, 2021
“Интересно е што сакаат да создадат ново натпреварување и во исто време сакаат да играат во Лигата на шампионите оваа сезона. Овие луѓе се обидоа да го убијат фудбалот”, рече претседателот на УЕФА.
Овие клубови не се откажуваат од својата идеја. Тие најавија нови обиди и тоа на крајот би можело да ги затвори вратите на Лигата на шампионите во наредните години.
УЕФА и ФИФА се против создавање на какви било нови натпреварувања, но овие три клуба сметаат дека треба да се запрашаат многу повеќе и немаат намера да се откажат од Супер лигата.