Connect with us

Фудбал

Перез со ултиматум до Зидан, победи во „Ел Класико“ ако сакаш да ја сочуваш работата

Доколку може да му се верува на шпанскиот весник „АС“, по мечот со Шахтјор и поразот од 3:2 бурно било во соблекувалната на Реал Мадрид. Наводно првиот човек на тимот Флорентино Перез се симнал во соблекувалната, каде што имал многу да каже.

Но, она што е најважно е тоа дека наводно му поставил ултиматум на Зинедин Зидан. Перез му рекол да победи на следните два меча, првиот во сабота против Барселона, а вториот кој ќе биде практично поправен испит на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во ЛШ кој ќе се одигра три дена по „Ел Класико“.

По двата шокирачки порази од Кадиз и Шахтјор секако дека ваквите разврски се очекувани.