Connect with us

Фудбал

Перин дефинитивно е новиот голман на Јувентус

Според италијанските медиуми Матија Перин дефинитивно е новиот голман на Јувентус.

Перин ќе ги заврши лекарски прегледи во текот на денот и ќе потпише договор со „Старата дама“. Тој пристигна во Торино уште порано, бидејќи Италија одигра пријателски натпревар минатата ноќ со Холандија.

Голманот на Џенова во Јувентус ќе ја игра улогата на замена на легендарниот Џанлуиџи Буфон, иако е свесен за тоа што значи ова и колку се очекува од него.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио откри дека генералниот генералниот директор на Јувентус и претседател на Џенова Енрико Прециози заедно ги напуштиле просториите на италијанската федерација, и го официјализираа трансфер на фудбалерот.

Перин има 25 голман, запишал два настапи за репрезентацијата на Италија, во Џенова бранеше од 2010 година, а два пати има отидено на позајмица во Падова и Пескара.