Фудбал
Перишиќ е еден од двата проблема на Интер
Освен како очаен, на никаков друг начин не може да се дефинира ефектот на хрватскиот интернационалец од редовите на Интер, Иван Перишиќ, кога е во прашање групната фаза од Лигата на шампиони. Крилниот напаѓач одигра вкупно 501 минута, но не постигна ниту еден погодок и не запиша ниту една асистенција на шесте натпревари.

Интер имаше потреба од триумф во дуелот против ПСВ, под услов Тотенхем да не ја победи Барселона. Дуелот на “Ноу Камп” заврши без победник 1:1, но “нероазурите” освоија само еден бод во дуелот со холандскиот претставник и мораа да се задоволат со пласман во 1/16 финалната рунда од Лига Европа.
Перишиќ беше еден од најлошите играчи на “Џузепе Меаца”, а тоа го потврди и легендарниот репрезентативец на Италија, Андреа Пирло.
- Во овој момент Интер има два проблема. Перишиќ не е подготвен и не може ништо да направи со таквата игра. Најголан требаш да биде клучно засилување, но и тој ништо не покажа од почетокот на сезоната. Интер не може ништо да направи без помошта од тие двајца фудбалери, изјави Пирло.